Откако се пофалија дека првиот викенд на новата верзија на Windows 10 го превзеле повеќе од еден милион корисници, од компанијата денес во продукција ја пуштаат првата надоградба…
И понатаму од Microsoft предупредуваат дека моменталното издание на Windows 10 е во “грубо издание”, но сакаат заедно со корисниците чекор по чекор да изградат оперативен систем кој ќе ги задоволи сите потреби и желби, иако тоа практично е невозможно бидејќи се појавуваат огромен број на приговори, субјективни или објективни.
Во суштина, првата надоградба за Windows 10 ќе биде со големина помеѓу 2 и 2,74 GB, а соопштението би требало на сите корисници во текот на денов да им се појави автоматски. Ако тоа не се случи, оние кои го тестираат Windows 10 на Techical Preview можат сами да проверат дали надоградбата е достапна за превземање и инсталација.
Постапката е едноставна, го избирате РС Settings а потоа Update and Recovery и Preview Builds, и потоа би требало да добиете можност за инсталација на надоградбата.
Досега се познати проблемите со комплицираниот WiFi интерфејс, одредени недостатоци и багови во Internet Explorer, копчето Start кое има проблем со будењето на компјутерот и ставање во Sleep мод, игрите Solitaire и Mahjong не работат како што треба, а се појавува и проблем со “плав екран на смртта” при конектирање на додатен монитор на компјутерот.
Објавено е дека продукциската верзија на Windows 10 ќе биде достапна кон средината на 2015 година, а не на почетокот од годината како што беше првично објавено.
{loadposition content9}