Skip to main content

Кривична пријава за албански рибокрадец

Еден албански државјанин е затекнат во незаконит риболов во водите на Охридското езеро наспроти населбата Трпејца.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Еден албански државјанин е затекнат во незаконит риболов во водите на Охридското езеро наспроти населбата Трпејца.

На трети овој месец околу 9 часот, заедничката патрола на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ со полициски службеник од албанската езерска полиција, го забележала  А.З. (47) од Поградец на околу 50 метри илегално навлезен во македонските територијални води  при незаконит риболов.

рибиПо консултација со јавниот обвинител од А.З. одземени се  4 парчиња риба охридска пастрмка со тежина од 2,5 килограми, 20 пластични шишиња со по 6 блинкери и друга рибарска опрема, 1 метален чамец, 1 пента марка Џонсон, 1 пластична канта за бензин, клешти и други предмети по што е приведен во полициска станица. Против албанскиот државјанин А.З. поднесена е кривична пријава за незаконит риболов и му беше одредена мерка притвор.

Неодамна полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ на околу 20 метра од брегот наспроти угостителски објект на кеј „Македонија“ затекна малолетник во момент кога со недозволено средство за подводен риболов-подводна пушка врши незаконит риболов. Во неколку акциски контрола во ноќните часови, полициските службеници кај малата плажа-вила ,,Билјана,, пронајдоа и одзедоа една рибарска мрежа со должина од околу 50 метри и димензии на окца 60×60мм со улов од осумнаесет парчиња риба-десет парчиња охридски крап со вкупна тежина од 9,5 килограми и осум парчиња клен со вкупна тежина од осум килограми. Во слична акција, полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ пронајде и одзеде 20 рибарски мрежи со вкупна должина над 1000 метри, близу 30 килограми парчиња разновидна риба и повеќе примероци на риболовен алат и прибор. Согласно законот за рибарство и аквакултура, против неколку лица поднесени се прекршочни пријави.

{loadposition content9}