Апликацијата на хрватска компанија со која вашиот смартфон решава равенки предизвика големо интересирање на јавноста, вклучувајќи ги и медиумите како што се Time, Daily Mail, Forbes и многу други технолошки портали. Компанијата MicroBlink во понеделникот ја претстави апликацијата PhotoMath на конференцијата TechCrunch Disrupt Europe во Лондон.
Апликацијата функционира така што ја снимате равенката а апликацијата по само неколку секунди дава резултат. Апликацијата препознава само печатени бројки, но не и со рака напишани. Засега е достапна само за iOS и Windows оперативните системи, а верзијата за Android би требала да се појави на почетокот на идната година.
{loadposition content9}