Skip to main content

Југозападниот плански регион не функционира

Југозападниот плански регион не функционира.

 |  Валентина Неловска  | 
region
region

 


Југозападниот плански регион не функционира. Од ноември, мината година,  9 -мината градоначалници од Југозападниот плански регион не се сретнале во Советот на градончалници. Претседавачот на Советот, струшкиот градоначалник Зијадин Села тврди дека овој југозападен регион  функционира само на хартија.  Градоначалниците не се заинтересирани и нема кворум за работа, вели Села. Од конституирањето во 2013 година не е одржана ниту една средба, додава првиот човек на Струга. Зошто неговите колеги не се присутни во Советот,  Села проблемот го лоцира кај финансиите.

 region„Изгледа немаат интерес,  како прво не добиваат никаков проект преку тој регион. И зошто да идаат  ако има пари ќе трчаат сигурно за добијат проекти. Кога гледаат дека нема проекти не доаѓаат.“   

Села напоменува дека од таквата ситуација не се исклучок и останатите региони во Македонија. Само на хартија постои Законот за регионален рамномерен развој, додава  грдаоначалникот. Со него е предвидено регионите да добиваат 1 посто од бруто домашниот прозивод, но оваа стапка не се почитува и регионите не располгаат со средства. Никогаш не се поделени тие 1 посто туку се делат 0,01 посто, укажува Села.

„ Не може министерството за финасии да ги смета во проектите на регионот кои се донесуваат преку централниот буџет. И тоа сме го слушнале од претставник на министерството дека не сме земале  0,01 посто  тукуповеќе вклучувајќи ги и проектите кои ги прави централната власт од буџетото. Тогаш зошто постојат регионите “, прашува  Села.        
општини
ТВМ  контактираше неколкумина градоначалници  од регионот за функционирањето на Советот на Југозападниот плански регион. Тие потврдуваат дека советот не функционира. Велат дека општините имаат премногу проблеми и не се задоволни од проектите. Нивните општини се рурални и за нив нема конкретни проекти. Од друга страна пак од Центарот за Југозападниот плански регион укажуваат на 8 големи проекти значајни за регионот. Меѓу нив ги наведуваат проектите за управување со градежен шут, урбанистички планови за селата, пречистетелните станици за Трпејца, Радожда и Калишта , како и документацијата за депонијата за управување со цврст отпад.

Програмата за развој  на ЈЗПР од 2015 до 2019 година во моментов е во подготовка. Истата се очекува да биде завршена до крајот на годината.Финалната верзија на програмата ќе треба  да биде усвоена од Советот на градоначалници од општините кои влегуваат во состав на  регионот, како и од Националниот совет за рамномерен регионален развој на Македонија. Jугозападниот плански регион е еден од осумте во рамките на Република Македонија, и во него влегуваат 9-те општини: Вевчани, Дебар, Дебрца, Охрид, Кичево, Македонски Брод, Пласница, Струга и Центар Жупа.

{loadposition content9}