Интерсни резултати покажало новото истражување кое го спровело меѓународниот совет за чист транспорт (ICCT).
“Сите податоци потврдуваат дека континуирано расте јазот помеѓу податоците за потрошувачката на гориво која ја даваат производителите и вистинската потрошувачка”, рекол лидерот на европската филијала на ICCT за германскиот весник Der Spiegel.
ICCT анализирал податоци, користејќи ги водечките европски портали, на повеќе од 500.000 возила кои се движат по европските патишта.
Анализата на податоците на популарната германска страница spritmonitor.de покажала дека тој расчекор пораснал од 7% во 2001 година на 30% во 2013 година. Слични резултати се собрани и од други специјализирани мрежни страници во Британија, Франција и Холандија.
Експертите од ICCT велат дека автомобилската индустрија отстварила значаен напредок на полето за намалување на потрошувачката на гориво и испуштање на СО2, но изразиле загриженост поради овој расчекор.
Производителите на автомобили податоците за потрошувачката на возилата ги добиваат во лабораториски услови со одобрена методологија која е предмет на критики поради неуважување на вистинските услови на возење по европските патишта.
{loadposition content9}