Skip to main content

Мозочните удари 80% можат да се превенираат

Многу од главните ризик фактори за мозочен удар се случуваат почесто кај жените. 80% од мозочните удари можат да се превенираат, доколку навреме се откријат ризик факторите, велат од охридското здружение „Мозочен удар“. Од таму порачуваат, дека со промена на животниот стил, односно со примена на здрава исхрана, физичка активност и намалување на стресот, се намалуваат и ризик факторите од мозочен удар.

 |  Николоска Биљана  | 
mozocen
месечен

mozocenНовоформираното здружение „Мозочен удар“ ја организира досега најголемата акција од своето три месечно постоење. Утре на градскиот плоштад од 11 до 14 часот сите граѓани на Охрид кои сакаат да се прегледаат и да го дознаат својот статус за ризикот од мозочен удар ќе добијат бесплатни едукативи совети и здравствени прегледи. Др Маја Божиноска Смичоска, невролог во Специјалната болница „Св Еразмо“ вели дека нивното здружение делува во насока да го свртат вниманието на граѓаните за превенцијата од мозочен удар.

„Во нашата акција утре ќе имаме тим лекари и медицински персонал, ќе се вршат комплетни прегледи со проверка на функцијата на срцето, ЕКГ мерење на крвниот притисок и шекерот во крвта. Ќе може секој да добие консултација со специјалист невролог. Исто така со посебен компјутерски систем секој ќе може да добие правилна проценка на ризикот за мозочен удар “ нагласува – Др Смическа.

mozocenВо активноста на здружението „Мозочен Удар“ се приклучува и Црвениот Крст Охрид. Претседателот Сашо Точков вели дека утре на градскиот плоштад покрај едукативните совети и превентивни прегледи ќе има и неколку компании кои што ќе нудат здрави производи и ќе ја промовираат здравата храна.

„Целата наша концепција и мисија на Црвениот Крст е да организира вакви јавни настапи каде што ќе може да се промовира здравјето каде што ќе можат сите луѓе кои се заинтересирани да дознаат како и на кој начин да го заштитат своето здравје да ги превенираат оние болести и што треба да користат во таа насока. Утре ќе имаме голем број специјалисти на луѓе кои што се стручно оспособени и овластени да даваат совети и да го вршат тие стручни совети“ – вели Точков.

mozocenМозочниот удар е прва причина за инвалидитет во светот и трета причина за смртност во развиените земји нагласуваат од здружението. Од таму додаваат дека најбитен е фактот што 80% од мозочните удари можат да се превенираат со навремено откривање на ризик факторите и нивно навремено лекување. Според статистика на здружениетo во 2013 година на подрачјето на општина Охрид, низ амбулантите поминале 1200 пациенти со мозочен удар, околу 400 лежеле на одделенијата. Најголема била бројката на пациенти над 65 години, меѓутоа значителна била бројката на пациентите од 35 до 55 каде имало околу 90 пациенти кои амбулантски се прегледале поради проблеми со мозочен удар и 30 кои се лекувале на одделението за неврологија. Но нагласуваат дека голем дел од младите пациенти не се регистрирани во охридските амбуланти бидејќи заминуваат дирекно за Скопје.

{loadposition content9}