Она што се случи во Отава е аларм за узбуна и во Лондон, тврдат лабуристичките пратеници во Парламентот.
Туристичките тури околу зградата на Парламентот во Лондон станале опасни, сметаат некои од пратениците. Имено, разузнувачките служби тврдат дека исламистичките екстремисти се уфрлуваат во разгледувањето на Парламентот за да добијат што повеќе информации за зградата, внатре и однадвор. Стравуваат, дека и во Лондон би можело да се случи она што се случи во Канада, пишува Daily Mail.
Поради ова на посетителите на Парламентот им е забрането фотографирање во внатрешноста на објектот. Загриженоста порасна по нападите во Парламентот во Канада каде напаѓач-исламист, кој планирал да оди во Сирија, уби војник.
Westminster палатата секоја година ја посетуваат еден милион лица. Она што се случи во Отава е аларм за узбуна и во Лондон, тврдат лабуристичките пратеници во Парламентот, меѓутоа портпаролот John Bercow рекол дека британскиот парламент има многу посилно обезбедување од канадскиот и тоа од времето кога добивале закани од IRA.
{loadposition content9}