Кинескиот Huawei во третиот квартал оваа година испорачал повеќе од 32 милиони уреди од кои 16,8 милиони смарт телефони, што е за 26% повеќе отколку истиот период лани, соопштено е од компанијата. Од соопштението на компанијата издвојуваме неколку интересни факти за оваа кинеска компанија:
-Huawei е спонзор на неколку спортски организации, а неодамна го продолжија партнерството со шпанскиот фудбалски клуб Атлетико Мадрид а започнаа соработка и со турскиот Галата Сарај.
-Во октомври оваа година Interbrand го стави Huawei, односно неговата бизнис единица за корисници, во извештајот на Best Global Brands Report, при што Huawei стана прва кинеска компанија на таа листа. Вредноста на брендот е проценета на 4,3 милијарди долари.
-Смарт телефонот Huawei Ascend Mate7, претставен на 4 јуни оваа година, е распродаден уште првиот ден кога беше достапен на полиците од повеќе од илјада малопродажни места во Кина.
-Huawei во 2013 година беше трет производител на смарт телефони во светот, а компанијата со своите производи и услуги е присутна во преку 170 земји во светот.
-Компанијата има повеќе од 16 центри за истражување и развој, во земји како што се САД, Германија, Шведска, Русија, Индија и Кина.
{loadposition content9}