Google воведува претплата за гледање на видео-записите на YuoTube?
Половина од посетите на YouTube се од мобилни уреди

Говорејќи за статистиката на најпопуларниот видео сервис на светот, директорката на Google, Susan Wojcicki, рекла дека денес околу половина од посетите на YouTube доаѓаат од мобилни уреди. Тоа е зголемување во однос на минатиот период кога од компанијата напоменале дека уделот од мобилните уреди изнесува 40%.
Освен за бројот на посетители на овој сервис, Wojcicki рекла дека во нивната компанија размислуваат и за начинот на наплата за гледање на содржините на YouTube како алтернатива за прикажување на огласите при гледање на видеата, што е моментално главен извор на нивната заработка. Досегашниот начин на работа на YouTube (содржината е бесплатна, но се прикажуваат огласи) овозможи да привлечат повеќе од милијарда корисници, но Wojcicki верува дека ќе дојде до моментот кога на луѓето ќе им здосадат огласите и ќе сакаат да ги гледаат содржините во кои нема да има ниту еден оглас. Таа го опишала претплатничкиот модел како интересен, а на Guardian вели дека претплатата на YouTube не е новитет, бидејќи компанијата прв пат ова го претставила кон средината на минатата година кога оваа опција ја овозможиле на некои видео канали на овој сервис. Ним им е дадена можност за наплата за гледање на некои видео-записи и им припаѓа 55% од заработката.
Сепак, минатата година од National Geographic (канал кој имал можност за наплаќање) признале дека наплатата по пат на YouTube не им оди баш најдобро и се отворило прашањето колку корисници би платиле на сервис на кој се навикнале видео-записите да се бесплатни.
“Ако ги погледнете медиумите, повеќето имаат и претплата и огласи”, коментирала Wojcicki, но не рекла кога оваа опција на наплата би можела да се воведе.
Освен воведување на претплата на YouTube, Google веќе некое време припрема и YouTube музички сервис, но не е познато кога овој сервис ќе биде достапен за корисниците.
{loadposition content9}




