Населбата Рача ќе добие плоштад
Во тек се завршните активности за изградба на мини- плоштадот во населбата Рача.
плоштад
Во тек се завршните активности за изградба на мини- плоштадот во населбата Рача. Oд ЈП Градски гробишта, кое е изведувач на градежните активности, информираат дека плоштадот се поплочува со фино обработен гранит, бетонски и бехатон плочки, по што централниот дел ќе биде соодветно хортикултурно уреден.
На плоштадот ќе биде поставена и фонтана, за која ЈП Водовод- Охрид веќе има обезбедно водоводна инсталација.
Од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид упатуваат апел до урбаните и месните заедници на подрачјето на општината да доставуваат барања за вакви или слични проекти и активности.
{loadposition content9}