Skip to main content

Автомобил удри во автобус на Галеб

Утрово околу 8 часот во автобус на охридскиот превозник АД „Галеб“ дирекно удрил автомобил со битолски регистарски таблички на патниот правец Охрид – Гостивар – Скопје, кај Ново Село.

 |  Николоска Биљана  | 
soobrakajka
soobrakajka

Во автобус на АД Галеб кој сообраќал за Скопје утрово дирекно се судрил автомобил со битолски регистарски таблички веднаш после превојот Стража. Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски , во незгодата возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната медицинска помош во Општата болница во Гостивар, бил префрлен во битолската болница.

soobrakajkaПо налог на јавниот обвинител  увид на лице место направиле полициски екипи од ПС Гостивар.  Димоски изјави дека можна причина за незгодата е губење контрола на возачот над патничкото моторно возило при што удрил во предниот дел на автобусот.

Раководителот на патничкиот сообраќај во „Галеб“, Димитар Василески информира дека патниците во автобусот не биле доведени во опасност и нема повредени, само што била причинета материјална штета врз автобусот. Патниците за кратко време со друго возило го продолжиле своето патување до Скопје. Веднаш после увидот автобусот бил испратен на технички преглед при што било констатирано дека автобусот технички е исправен а исто така биле направени и потребните анализи врз возачот на автобусот, кои покажале уредни наоди.

{loadposition content9}