Патниот правец кон Корита на Галичица оваа зима ќе се чисти од снег
Патниот правец кон Корита на Галичица оваа зима ќе се чисти од снег
Институциите во Охрид подготвени за одржување на градските и приградските улици, како и магистралните и регионалните патишта да се безбедни во претстојната зима. Ова беше истакнато на денешниот координативен состанок за поголема безбедност на сообраќајот во зимски услови. Локалната самоуправа, јавното претпријатие Комуналец, сообраќајната полиција, јавното претпријатие Македонија пат се подготвени координирано да делуваат во зимски услови на охридските улици и магистрални патни правци. Охриѓани може да се задоволни, „Македонија пат“ секција Охрид, ќе го одржува патниот правец кон Корита на Галичица. Набавиле сол и ризла од 150 тони за одржување на 80 км магистрални и регионални патишта кои се од прва приоритена категорија за одржување, вели Крсте Ташкоски раководител на секција Охрид при Македонија пат.
„ Прво треба да се заврши одржувањето на магистралните и регионалните патишта од прва приоритет, а потоа ќе се оди на трет приоритет бидејќи од втор нема. Од кога ќе се заврши чистењето , што значи секција Охрид, ќе ги одржува А3 магистралниот пат Охрид до Арбиново, А2 од Охрид до Прентов мост, и R 1301 Охрид до Св Наум , дури потоа ќе се одржува Корита“, напоменува Ташкоски.
И останатите институции се подготвени за зимско одржување на сите улици и патни правци во Охрид. Локалната самоуправа формирала кризен штаб за делување во вонредни зимски услови.
На тендер избрла 4 приватни фирми за одржување на улиците во приградските населби и во руралните средини. Јавното претпријатие Комуналец задолжен за одржување на градските улици од снег и мраз и има набавено 200 тони сол и 200м3 рисла, а подготвена е и потребната работна механизација.
Сообраќајната полиција е задоволна од соработката со институциите и од тоа како се справуваат со снегот и мразот во зимски услови. Командирот на аптен сообраќај, Страшо Миленкоски нагласува дека во минатата година степенот на безбедност бил на повисоко ниво од претходните години.
„ Се случиле 54 сообраќајни несреќи нема потешко повредени .За споредба со 2012 /2013 имало 68 сообраќајни несреќи со потешки последици, а имало и жртва “, кажува Миленкоски.
Оваа координативна средба со субјектите е со цел да се надминат сите проблеми и пропусти во надлежностите за подобро и побезбедно да се организира патниот сообраќај во зимски услови во и надвор од градот.
{loadposition content9}