Општината не го раскрчмува државното земјиште , категоричен општинскиот скретар Спасески на обвинувањта на опозицијата
Општината не го раскрчмува државното земјиште , категоричен општинскиот скретар Спасески на обвинувањaта на опозицијата.
На прес конференцијаат која ја одржа секретарот на општината Димитар Спасекси ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека се раскрчмува државното земјиште.
„ Интензивно работевме , правевме анализи по кој модел ќе овозможиме градот да ги добие трите капитални инвестиции. Анализите и консултациите со стручни лица и приватни инвеститори покажаа дека најдобриот и најбризот модел е продажба на земјиштето , а за општината добро би дошле средствата од продажбат и од комуналиите“, кажа Спасески.
Општината гарантира дека покрај инкасирањето на милионски суми денари од продажбата на земјиштето и од комуналиите, нема да има пренамена на изградба на објектите. Напротив тие ќе треба да се изградат во даден временски рок, рече Спасески. Бенефит е што граѓаните ќе добијат објекти кои се потребни, а општината ќе планира друг развој на Охрид и ќе ги плаќа заостанатите долгови, напомена секретарот.
„Не го раскрчмуваме земјиштето, напротив успеваме да добиеме и капитални објекти и успеваме да наплатиме комуналии и од продажба на земјиштето, никому не поклонуваме земјиште или откажуваме комуналии“, кажа Спасески.
Спасески e убеден дека овој модел ќе успее. Но, доколку се покаже спротивното јавно приватно партнерство е секогаш отворена опција се со цел Охрид и граѓаните да добијат дом за стари лица, автобуска станица и катна гаража, рече Спасески.
{loadposition content9}