Во Втората светска војна сликата во најголема тајност е пренесена од Торино во Рим бидејќи не сакале да падне во рацете на Хитлер, стравувајќи, спрема верувањата, дека ќе му даде уште поголема моќ, пишува BBC.
Каква и да била причината за нејзинот преместување, нејзината вредност ја потврдува фактот дека од целата колекција на сликите на Леонардо да Винчи кои се чуваат во Кралската библиотека во Торино, токму таа е преместена.
Еден од најпознатите автопортрети на светот наскоро ќе биде достапен за јавноста. Станува збор за сликата на Леонардо да Винчи која е стара 500 години и за која се верува дека поседува магични моќи. Сликата се наоѓа во Торино, во Кралската библиотека, а постои легенда дека погледот на Леонардо да Винчи на автопортретот е толку интензивен и силен што тие што го гледаат добиваат поголема сила.
Директорот на библиотеката, Џовани Сакани, вели дека автопортретот на Леонардо во Рим не бил чуван во соодветни услови, па сликата има претрпено одредени оштетувања, помеѓу другото исчезнал и потписот на Леонардо.
Од 1998 година сликата заедно со илјадници други непроценливи цртежи и ракописи се наоѓа во посебно изградена просторија наречена “пештера”, во која не влегува природна светлина а тепмературата се одржува на 20 степени и влагата на 55%. Од овие причини, во Кралската библиотека, во пештерата, ќе може во тек на еден час да влезат само 50 посетители.
{loadposition content9}