Откако, пред неколку дена, акцијата на Alibaba ја достигна рекордната вредност од 100,5 долари, кинескиот интернет трговец, Alibaba, стана највредната трговска компанија, во светот, по пазарна капитализација од 247 милијарди долари.
Со тоа, кинеската компанија по тоа мерење, го престигна американскиот ланец на супермаркети Walmart, компанија која ја држи титулата на најголема светска трговска компанија по приходи. За да се изедначи со Walmart по приходи, Alibaba ќе мора да потроши уште многу време и многу работа. Извештаите велат дека американската компанија со 11.000 дуќани во 27 држави прави приходи од 473 милијарди долари додека Alibaba е само на 8,6 милијарди долари.
Сепак, Alibaba од вторникот се наоѓа во клубот на 10 највредни светски компании.
{loadposition content9}