Skip to main content

Во зградата на Владата било пукано од ракетен фрлач РПГ?

Напаѓачите биле вешти во ракување со ваков тип на оружје, оти со него не може да управува секој. Ова се претпоставките на дел од професионалните војнициво врска со понеделничкиот инцидент кога два проектили завршија во владиниот објект на „Илинденска“, пишува „Утрински весник“.

dupka
дупка

владаВо недостиг од комплетни информации, кои се очекува да бидат соопштени по завршување на истрагата, познавачите на оваа проблематика велат дека во нападот, најверојатно, е употребена противпешадиска распрснувачка ракета, која се активира и исклучува под прав или остар агол.

Во Министерството за внатрешни работи и во Јавното обвинителство владее молк за текот на истрагата. Засега нема одговор ниту кој, со што и зошто нишанел кон седиштето на Владата. Според првичните сознанија на полицијата, проектилите што беа испукани во источниот дел на зградата на Владата се со поголем калибар, а било пукано од правец на Калето.

Рачните фрлачи РПГ, велат професионалните војници, се многу лесни за ракување. Се ставаат на рамо, се регулира нишанот на одредена проценета далечина, се нишани и со копче за испалување се врши активирање на мината. Тој што пука мора да има чист простор зад себе, не смее зад него да стои човек или да има ѕид, оти ќе настрадаат сите што се во близина. Ракетите РПГ имаат голем дострел.

{loadposition content9}