Skip to main content

Поделени хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Охрид

Финализираа активностите на кампањата за Денот на храната и Неделата за борба против гладта, кои во организација на Општинската организација на Црвениот крст од Охрид се одвиваа од 16-22 Октомври.

 |  Голабовски Крсте  | 
Gordana Konjanoska
Гордана Коњаноска

socijalno zagrozeniФинализираа активностите на кампањата за Денот на храната и Неделата за борба против гладта, кои во организација на Општинската организација на Црвениот крст од Охрид се одвиваа од 16-22 Октомври.

Партнерот и подржувач на кампањата за денот на гладта и неделата за борба против гладта, Општина Охрид и годинава помогна во прибирање на помош за  најзагрозени семејства од Охрид и Дебарца. Со сопствена донација реализирана од сопствени средства, а во сорботка со Црвениот крст од Охрид беа обезбедени 50 пакети со прехранбени производи и средства за лична хигиена, истакна претседателката на Советот на Општина Охрид Гордана Коњаноска.

„Ова е еден симболичен гест со кој моментално, краткотрјано и симболично ќе им помогнеме на овие семејства. Секако целта на оваа кампања е подигање на вкупната јавна свест за постоењето на овој глобален проблем и поттикнување на сите општествни субјекти, општествено одговорните компании, невладиниот сектор и поединци да земат учество во истата и да помагаат за надминување на овој горлив проблем“ рече Коњаноска.

Сашо ТочковСашо Точков, претседателот на Општинската Организација ја оцени кампањата  како успешна и им се заблагодари на  големиот број на инстиуции, здруженија, невладини организации и поединци во реализирањето на истата.

„Ние со оваа кампања собравме толку производи да можеме да обезбедиме за еден месец преку 200 семејства, бројката е секако поголема, но во текот на целата година и резервите коишто ги имаме и обновуваме постојано ќе излегуваме во пресрет по оној редослед за обезбедување помош не само во храна туку и во кебиња во зимскиов период, а секако и облека“ истакна Точков.

Точков истакна дека е задоволен посебно од одѕивот на граѓаните, со напомена дека секогаш може подобро, кога станува збор за покажување на хуманоста и помагање на социјално најзагрозените лица од Охрид и Дебрца.
 
{loadposition content9}