По смртта на Јосип Броз Тито сите предмети кои се наоѓале во неговиот личен трезор се запечатени, и така останале 33 години.
Државната комисија на Србија одлучила да го отвори сефот на Јосип Броз Тито и така да ја открие тајната која била чувана толку години.
Имено, по неговата смрт на 4 мај 1980 година, по одлука на Претседателството на СФРЈ, сите предмети кои се наоѓале во личниот трезор на Тито, останале запечатени. Сефот е отворен минатата година, а некои од најдрагоцените работи, како златото, се депонирани во трезорот на Народната банка на Србија.
Одлучено било и вредностите за кој е утврдено дека припаѓале на фамилијата Караѓорѓевиќ, исто така да се предадат на располагање на Народната банка.
Спрема пишувањето на Телеграф, кој ги имал на увид списоците од вредностите, во трезорот на Тито се наоѓале златни ордени кои припаѓале на фамилијата Караѓорѓевиќ и синиот сафир кој наводно му припаѓал на кралската династија Романови од Русија.
“Многу големо богатство се наоѓаше во тој сеф. Имаше уникатни огрлици и накит кои биле во сопственост на фамилијата Караѓоѓевиќ”, рекол еден од членовите на комисијата.
Во сефот на Тито имало: 29,366 килограми злато во шипки и прав, 2,663 златници и дукати, 1,271 парче нумизматички пари, 26,219 американски долари, 36,000 германски марки, 149 парчиња накит (сопственост на фамилијата Караѓорѓевиќ), синиот сафир од Романови, 18 комплети садови од сребро, 83 парчиња копчиња за кошули, кутии за цигари, медалјони, приврзоци и значки.
{loadposition content9}