Skip to main content

„До балчак“ премиерно пред охридската публика

Најновото филмско остварување „До Балчак” на режисерот Столе Попов премиерно пред Охридската публика вечерва 3-ти Ноември 2014 почеток 20:00 часот, влез 100 денари.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
Лого

Најновото филмско остварување „До Балчак” на режисерот Столе Попов премиерно пред Охридската публика вечерва 3-ти Ноември 2014 почеток 20:00 часот, влез 100 денари.

Кино проекции од 3-ти до 6-ти и од 10-ти до 12-ти Ноември.

постер“До Балчак” е работен по сценарио на Горан Стефановски, ко-сценарист Столе Попов, директор на фотографија е Апостол Трпевски, музиката е на Дуке Бојаџиев, сценограф Миленко Јеремиќ, костимограф Емилија Ивановска, а главните улоги ги толкуваат: Инти Шрај, Мартин Јордановски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Мики Манојловиќ, Искра Ветерова, Никола Којо, Сенко Велинов, Никола Ристановски.

Филмот е историски спектакл, приказна за комплексен четириаголник помеѓу бескомпромисен и идеалистичен востаник, безмилосен турски офицер, богат ,,татин” син опортунист кој се враќа дома по завршени студии во Европа и една луцидна и слободоумна Eвропјанка во потрага по авантура, која ги залудува тројцата мажи и предизвикува серија на настани со далекусежни и несогледиви последици.

Филмот е во ко-продукција помеѓу Триангл филм, Сектор Филм, ФХ3Х и Македонска Радио Телевизија, финансиран со средства од Владата на Република Македонија, Министерство за култура, Агенцијата за филм на Република Македонија.

{loadposition content9}