Skip to main content

Струшките улици раскопани

Граѓаните сами се справуваат со штетата нанесена од мразот и ризлата.

 |  Билјана Колоска  | 
dupka
дупка
Струшките улици уништени. Во моментов речиси и да нема улица во градов која нема ударна дупка. Ваква е ситуацијата по последните врнежи од снег, поради кои чистењето на улиците се вршеше со посипување на ризла. Пред се,  катастрофална е состојбата во централното градско подрачје. На удар е улицата пред градскиот пазар. За да се помине по неа со возило, треба да бидете доста вешт возач, бидејќи дупките зафаќаат половина од улицата. Граѓаните се снаоѓаат како умеат,и ги потполнуваат улиците како знаат и умеат. Ситуацијата е покомплицирана при врнежи од дожд,  кога дупките се целосно прикриени со вода. Стружани се страмат од моменталната состојба на градските улици.

struska ulicaСега, согласно законот за спречување корупција не се дозволени превземање било какви активности  кои не се предвидени во програмата за работа на општините. Бидејќи од локалната сампуправа немаат донесено програма за изградба на патишта и улици за тековнава 2009 година неможе да  превзема мерки ниту за крпење на ударните дупки.

„Ќе се обидеме уште утре да испатиме до нив писмен допис со барање да ни одобрат да превземеме мерки за да ги санираме дупките“-вели Зоран Гулицоски, секретар на о.Струга.
Доколку комисијата за спречување корупција не и одобри на о.Струга да ги превзеде предвидените  активности тогаш ќе бараме  друг начин за да ги потполниме дупките, додава секретарот.

 

 

{loadposition content9}