Skip to main content

На екстерното тестирање казни заработија охридски професори и наставници

На екстерното тестирање казни заработија охридски професори и наставници.

 |  Валентина Неловска  | 
hristo
hristo

Тринаесет охридски професори од средни  и основни училишта заработија казни од ресорното министерство и Државниот испитен центар. Тие потфрлиле во резултатите од спроведеното екстерно тестирање што се одржа на крајот од учебната 2013/ 2014 година. Оценките кои ги имале напишано не се совпаднале со покажаните  резлултати на учениците на  спроведеното тестирање. Во охридските општински училишта е помал број на казнетите наставници во однос на наградените.  Во 4-те средни училишта се казнети деветмина, а во 5-те основни училишта казни заработиле  4 -ца наставници.  Тие имаат право на добиените решенија да поднесат приговор до училишните  одбори и до синдикатот на СОНК.

христо узуновСостојбата со казнети и наградени наставници по училишта е следна:
                                               наградени / казнети
ОУ Св.Климент Охридски                 12  /  1
ОУ Христо Узунов                                3  /  нема
ОУ Братство Единство                      13  /  3
ОУ Кочо Рацин                                  нема / нема
ОУ Григор Прличев                            7   / нема
СОУ Св.Климент Охридски (гимназија)    13 / 3
СОУ Ванчо Питошески (угостителско)      8   /  1
СОУ Св.Наум Охридски (ЕМУЦ)                 12 /   1
СОУ Св.Кирил и Методиј (еконмско)        4  /    4

Едно од основните училишта во кое наставниците покажале добри резулати е  ОУ „Христо Узунов“.

„ Кај нас од 59 наставници има наградени 3 -ца и нема казнети наставници. По сето ова се гледа дека во Христо Узунов добро се обработуваат  наставните  програми и планови зададени од министерството за образование и наука“, кажува директорот Тони Симоноски.  

христо узуновКазните и наградите ќе влијаат врз платата на наставниците, напоменува Симоноски.  Директорот е задоволен што е во позиција да потпише решенија за 3- ца  наградени професори од нивното училиште, а тоа значи и зголемување  на нивната плата.

„ Наградата, за почитување е што ние имаме наградени наставници, е зглемување на 15 посто од основната плата која би ја земале во текот на една година до наредното екстерно оценување, или 15 посто  ќе се одзема од плата на казнетите наставници“, објаснува Симоноски.   

Според Законот за средно и основно образование на наставниците кои по спроведеното екстерно тестирање ќе добијат три години по ред негативни оценки им следува отказ од работното место.

 

{loadposition content9}