Сообраќајните знаци и улични патокази постојано мета на уништување
Сообраќајните знаци и улични патокази постојано мета на уништување.
Овој знак закачен на дрво, сигурно нема да ве одведе во саканиот правец. Уништувањето на сообраќајните знаци и улични патокази постојано се мета на вандалско уништување. Секторот за комунална дејност и сообраќај при ЛС постојано ги поправа уништените знаци.
Знациите и патоказите во сите делови од градот постојано се кршат, дури и се откорнуваат од бетон, се шкртаат, но најмногу на удар се оние во центарот на градот, напоменува Љупчо Танески раководител на овој сектор.
„Најголемо уништување на сообраќајните знаци има во централното градско подрачје. Се случува во доцните вечерни часови, најчесто во викендите. Тоа е вандалско однбесување на поединци кон сообраќајните знаци и патокази. Апелирам јавно да престане уништувањето на сообраќајните знаци и патокази тие се национално балго на сите граѓани на општина Охрид , и го оптеретува општинскит буџет“, повикува Танески.
Танески укажува дека прават напори да ги спречат појавите на вандализам. Како едно од решенијата за стопирање на локалното дивеење на поединци посочува дека е подигање на јавната свест кај граѓаните за значењето на општествените блага од секаков вид. Додава дека нивните мобилни екипи за одржување на уличното осветлување дежураат и патролираат низ градските улици. Полициските служби исто така се на терен, вели Танески.
„ СВР ќе преземе соодветни мерки доколку ги затекне на лице место, ние сме во корелација со нив, сообраќајните служби при секторот за комунални дејности верувам дека во иднина овие појави ќе се намалат“, вели Танески.
Танески појаснува дека нивните мобилни екипи утрово на улицата Димитар Влахов санирале сообраќаен знак и уличен патоказ. Еден уништен сообраќаен знак чини околу 2000 денари. Исто толку чини и уличниот патоказ во зависност од големината и бројот на поставените табли. Светлечките сообраќајни знаци пак чинат околу 12.000 денари. Доколку се земе во предвид дека во континиуитет, неделно се уништуваат и заменуваат голем број патокази, се троши поголема сума на општински пари кои можат да се искористат за други цели, вели Танески.
{loadposition content9}