Skip to main content

Дрвокрадци од Велешта заработија кривични пријави

Поради нелегален транспорт на бесправно исечено дрво во шума кое не е жигосано и без испратница, полициската станица за граничен надзор Лабуништа при регионалниот центар Запад, поднесе прекршочна пријава против К.Х. (43) и В.Х. (39) двајцата од струшкото село Велешта.

 |  Голабовски Крсте  | 
drva
дрва

drvaПоради нелегален транспорт на бесправно исечено дрво во шума кое не е жигосано и без испратница, полициската станица за граничен надзор Лабуништа при регионалниот центар Запад, поднесе прекршочна пријава против К.Х. (43) и В.Х. (39) двајцата од струшкото село Велешта.

На први минатиот месец околу 16 часот и 15 минути, кај месноста Лозја атар на селото Ташмаруништа, пријавените се затекнати во нелегален транспорт на 1,5 метри просторни огревни дабови дрва во сурова-свежа состојба кои претходно не биле означени за сеча.

Транспортот го вршеле на магистралниот пат Струга-Дебар пат  со патничко возило-џип марка „Рено-Еспејс“ со тетовски регистарски таблици без претходно да обезбедат одобрение за сеча и транспорт.

Нелегално пресечената и транспортирана дрвната маса заедно со патничкото моторно возило, во консултација со Шумската полиција е одземена.

{loadposition content9}