Децата од три охридски градинки ќе учат англиски јазик
Децата од три охридски градинки ќе учат англиски јазик.
Децата од три објекти на детската градинка „ Јасна Ристеска“ ќе учат англиски јазик. Овој проект во градинката се спроведува со поддршка на образовниот центар ПИСИ. Директорката на Градинката Роза Костеска и директорката на ПИСИ Татјана Димоска потпишаа меморандум за соработка .
„ Настава по англиски јазик ќе се одржува со деца од градинката на возраст од 5 и 6 години. Наставата ќе е во групи од 15 деца, а ќе се опфатени 90 деца. Наставниот кадар, дидактичкиот материјал и надгледните средатва ќе ги обезбедува ПИСИ, а просторот и дежурните негувателки се од страна на градинката“, напоменува Димоска.
Директорката на градинката „ Јасна Ристеска“ , Роза Костеска го поздравува ваквиот потег на сопственикот на ПИСИ , Ангел Јанев. Очекува примерот на оваа општествено одговорна компанија да го следат и останатите образовни центри. Директорката појаснува дека соработката со ПИСИ е во континуитет, а појаснува како дошло до реализација на проектот.
„ Планот беше во градинката да се изучува англискиот јазик, но кај родителите имаше мал интерес. Но, во пресрет излезе ПИСИ и овозможи 90 деца да го учат англискиот јазик од најрана возраст што е многу корисно за децата“, кажува Костеска.
Реализацијата на проектот е во износ од 120.000 денари, а ќе се спорведува во следните 4 месеци во објектите Росица, Билјана и централаната градинка.
Потпишувањето на меморандумот за соработка пак е во чест на 70 годишнината од ослободувањето на Охрид.
{loadposition content9}