Skip to main content

Дениците го разубавија Охрид со уште 70 садници бели рози

Активистките на Лајонс клубот „Деница“ од Охрид, втора година по ред како го збогатуваат нашиот град со бели рози.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
Лого

акцијаВтора година по ред на 6-ти ноември,  членките на Лајонс Клубот „Деница“ од Охрид,  садат бели рози во паркот пред хотелот „Гарден“. Продолжуваат со нивните заложби, Охрид да прерасне во „град на белите рози“. Даниела Котеска Лозаноска, членка на Лајонс клубот „Деница“ истакна дека  нивната цел е ноември да биде месецот на белите рози како препознатлив симбол на Охрид, а оваа активност да прерасне во традицонална.

„Оваа година засадивме седумедесетина садница, поголема бројка од минатата година. Можеби тоа се должи на поддршката која ја добивме за оваа акција од другите Лајонс клубови од нашиот град. Голема благодарност до лајонс Клуб „Охрид“ и „Лихнидос“кои со одреден број садници учествуваат во оваа акција“ истакна Лозаноска.

deniciИзборот токму белите рози да бидат садниците кои ќе го разубават Охрид не е случаен.  Имаат најголема моќ за апсорбирање на тешките метали , како оловото и кадмиумот и од воздухот и од почвата. Штетните честички белата роза ги собира во цветовите и во листовите, а токму таа има најмногу цветови, бидејќи активно цути 200 дена во текот на годината. Лозаноска објаснува дека, покрај естетскиот момент  оваа нивна акција е обид за подигање на еколошката свест кај населението

„Се надеваме нормално дека ќе послужиме како пример за нашите граѓани да ги употребуваат овие видови на растенија и да посветат повеќе внимание во средувањето на своите дворови“ објасни Лозаноска.

Во реализацијата на активноста од голема помош беа и екипите на ЈП „Охридски комуналец“ кои на дениците им помогнаа во подготовка на теренот. Да се надеаме дека ваквите активности на оптествено одговорните лица од градов ќе придонесат за подигање на јавната свет во насока на зачувување на средината во која живееме и дека во идина барем по една роза ќе може да се види во секој од охридските дворови.

{loadposition content9}