Skip to main content

70 години слободен Охрид

70 години слободен Охрид. Со пригодна свеченост и низа активности денес општина Охрид го одбележа овој значаен јубилеј.

 |  Николоска Биљана  | 
osloboduvanje
ослободување

osloboduvanjeОхрид го празнува Денот на ослободувањето, 7- ми ноември. Седум децении градот живее во мир со стремеж кон просперитет и благосостојба, секогаш сеќавајќи се со должна почит кон оние кои ги положија своите животи за слободата. Свежо цвеќе беше положено пред спомен бистите на борците Мите Богоески, Петре Пирузе-Мајски, Андон Дуков, Спас Банџов, Јасна Ристеска  и Споменикот на паднатите борци на градските гробишта Охрид.  За минатото на вечно револуционерниот Охрид, во Спомен паркот на револуцијата  историски час одржа професорот Григор Ангеличин. Тој ги потсети присутните за погибелта на 31 партизан.

„Со првите зраци на есенското вторнично утро, бригадите биле во полн замав. Напредувањето се одвивало полека, но сигурно. Жестоки битки се воделе кај клучните постови на германската војска во Охрид, кај Гимназијата и кај Градските гробишта. По повеќечасовна битка со променлив успех на страните, Германците се повлекле од кај гробиштата, кон касарните. Кулминација на битката е достигната кон пладнето на 7ми ноември, кога повеќе стотици борци, тргнале во спонтан, масовен јуриш, со што непријателските единици се повлекувале, а партизанските сили започнале да навлегуваат во градот, од различни страни. Конечно германските единици, со својата опрема, се повлекле кон Струга, а во Охрид започнало да се слави ослободувањето“ – вели Ангеличин.

osloboduvanjeПо повод празникот во општина Охрид се одржа и свечена седница. Во име на општината се обрати претседателот на Совет, Гордана Коњаноска. Таа истакна дека охридската Локална власт ги прави најдобрите чекори за развој на Охрид и нагово уште поуспешно етаблирање на мапата на најпрепознатливи светски дестинации.

„Денес 70 години потоа, жртвата на нашите херои не обврзува да ја сочуваме и збогатуваме слободата со нови содржини кои ги наметнува современието. Ако идеалот на нашите татковци беше слобода за Македонија, денес слободата во Македонија треба да се освојува на поинакви начини во секој сегмент од живеењето и работењето и за секој граѓанин. Верувам дека ние како генерација успешно се справуваме со овој предизвик“ – истакна Коњаноска.

После пригодната културно уметничка програма,Коњаноска  оствари средба со преживеаните борци од НОБ. А во холот на општината беше отворена изложба со ликовни дела изработени од учениците од охридскитое основни училишта.

{loadposition content9}