И годинава одложена е изградбата на ул. „Јордан Мијалков“
Се одложува изградбата на ул „Јордан Мијалков“ во Охрид. Локалната за овој зафат во моментов нема средства, а истите треба да ги обезбеди од сопствениот буџет. Од таму не ја исклучуваат можноста финансирањето за изградба на улицата да биде со средства од кредитот од Светска Банка.
Изградбата на ул „Јордан Мијалков“ во Охрид ќе чека подобри времиња. Новопроектираната улица кај Бејбунар цели 4 години не е ставена во функција. Од локалната во неколку наврати имаше ветувања дека оваа улица е една од приоритетните во градот но истата никако да се најде во годишните програми на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици. Последната информација од одделението за односи со јавност во врска со оваа улица беше дека таа ќе се изгради оваа есен како дел од опсежните градежни проекти на целата територија на општина Охрид. Зошто тоа не се случи причините ги открива градоначалникот Никола Бакрачески.
„Сметаме дека тој е еден од приоритетите со кој што ние во иднина ќе треба сериозно да се позанимаваме. Нашите проекции се околу реализација на оваа улица да најдеме соодветни извори на финансирање со оглед на тоа што би требало таа улица да се гради со средства од Локалната самоуправа за кој што во овој момент не би можеле да кажеме кога ќе бидат обезбедени согласно буџетот кој што ние го предвидуваме за 2014 и 2015“ – вели Бакрачески.
Бакрачески не ја исклучува можноста, финансирањето на овој според него важен проект да биде реализиран со средства од кредитот од Светска Банка. Но доколку приходите во наредната година биле стабилни како во изминатите месеци Бакрачески категоричен дека ул. „Јордан Мијалков“, во потполност ќе биде финансирана со средства од буџетот на општина Охирид. Дел од проектната документација за оваа улица треба да биде готова до крај на месецов за потоа да се пристапи кон изработка на основниот проект. Улицата „Јордан Мијалков“ од Бензиската пумпа кај Билјанини извори па се до пресекот со улицата Карпош Војвода, предвидено е да биде со должина од 636 метри, ширина 9,5 метри и тротоарска површина од 3,5 метри. Граѓаните кои што живеат на овој потег 4 години чекаат да се стави во функција оваа сообраќајница затоа што води кон локацијата каде што се градат станбени комплекси.
{loadposition content9}