Поминаа точно 25 години од рушењето на Берлинскиот ѕид, но на многу жители од тој град сеќавањата на таа бетонска барикада сеуште им е во свежо сеќавање. Денес главниот град на Германија е повторно поделен, но овој пат наместо ладен ѕид поставени се светлечки балони. Оваа интересна инсталација јасно потсетува на еден од најтешките периоди во европската историја, а долга е дури 16 километри. Околу 8,000 балони деноноќно светат и ги потсетуваат граѓаните на бурната историја.
Ѕидот е наречен Lichtgrenze или во превод “граница од светло”. Почнува на улицата Bronholmer, а се провлекува низ градскиот центар сѐ до мостот Oberbaum, а ќе ги блокира улиците, прометните патишта и плоштади, токму онака како што го правеше Берлинскиот ѕид некогаш. На некои делови ќе бидат изложени видео ѕидови и уметнички инсталации кои се занимаваат со темата Берлински ѕид.
Да потсетиме, Берлинскиот ѕид беше бетонска бариера долга 43 километри која го одвојуваше западниот дел на Берлин, кој припаѓаше на тогашна Западна Германија, од источниот дел на градот Берлин кој пак беше во склоп на тогашна Демократска Република Германија. Ѕидот беше срушен на 9 ноември 1989 година а претставуваше симбол на студената војна.
{loadposition content9}