Никогаш не е лесно да се воведат промени, бидејќи општо познато е дека луѓето не сакаат промени. Facebook неодамна одлучи да ги присили своите корисници да инсталираат посебна апликација, Messenger, за потполно да ја одвојат комуникацијата со пријателите од главната Facebook апликација.
И додека луѓето таа новина не ја примија со одушевување, Mark Zuckerberg јавно одговори зошто се одлучиле на ваков потез.
“Примарна цел на Facebook е News Feed. Праќањето пораки стана несшто што се правеше сѐ повеќе и повеќе, а денес се праќаат преку 10 милијарди пораки дневно. Доколку сакавте да пратите порака, моравте да чекате да се вчита апликацијата и да се отвори посебен таб. Одвоените апликации се брзи и фокусирани само на пораки. Со оглед на тоа дека нашите корисници во просек праќаат 15 пораки на ден, се троши многу време на вчитување на апликацијата”, рекол Mark и додава дека праќањето пораки се попопуларни од самата мрежа, а во некои држави 85% од корисниците се на Facebook, додека 95% праќаат пораки”.
“Да се бара од нашите корисници да инсталираат уште една апликација не е баш добра работа, но доколку сакаме да пружиме добро искуство, мораме да имаме одвоена апликација”, заклучил Zuckerberg.
Користењето на Messenger како одвоена апликација е многу побрзо, а Facebook сега има важна задача да ги исполни очекувањата на корисниците, а тоа е главната апликација да биде брза, стабилна и едноставна.
{loadposition content9}