Американскиот претседател Барак Обама во неделата признал дека не успеал во намерите Американците да ги убеди во исправноста на својата политика, што резултираше со пораз на демократите на одржаните избори за конгресот, ветувајќи дека ќе им пружи рака на своите противници.
“Морам да ја признаам мојта одговорност во тој пораз, тоа е пораката која ја прочитав од изборите. Победени сме”, рекол Обама во разговор за CBS, пред турнејата во Азија.
“Мислам дека не успеавме на Американците да им објасниме што сакаме да направиме и поради тоа одиме во добра насока, што претставува политички неуспех кој мораме да го исправиме”, додал Обама. Спрема неговите зборови, “луѓето имаат чувство дека работите не одат добро иако состојбата во стопанството видливо се подобрува”. Меѓутоа, признал, дека иако има напредок, Американците тоа не го почувствувале во реалноста бидејќи тешко им е да заштедат за пензија или школување на своите деца во универзитетите.
Шест години по триумфалниот влез во Белата куќа, Обама е соочен со најсилно републиканско мнозинство во Конгресот во последните неколку десетлетија.
Конзервативните кандидати успеаа да ги сменат демократите од власт во неколку сојузни држави вклучувајќи ги Арканзас, Колорадо, Монтана, Јужна Дакота, Западна Вирџинија, Северна Каролина и Ајова.
Тоа беше доволно за превземање на Сенатот во кој републиканците имаат 52 пратенички места, а демократите 45. Републиканците, исто така, го задржаа мнозинството и во Претставничкиот дом.
Контролата на републиканците над Конгресот, за Обама, значи дека ќе биде значително послаб претседател од досега, бидејќи тие ќе можат да блокираат сѐ што нема да им одговара.
{loadposition content9}