Охрид заедно со Пловдив ќе развива образовен туризам
Ученици од Бугарија ќе доаѓаат да се запознаат со нашиот образовен систем, а од Македонија ќе се запознаваат со бугарскиот. Охрид заедно со Пловдив ќе развива образовен туризам. Идејата е сите училишта кои го носат името на Св. Климент Охридски заедно со универзитетот во Софија да можат да испратат ученици и професори во Охрид во посета на училиштата кои тука се викаат Св. Климент Охридски.
Охрид заедно со Пловдив ќе развива образовен туризам. Овие два града веќе работат на создавање пакет аранжмани за учениците, студентите и професорите кои ќе можат да патуваат во Македонија и Бугарија и да се запознаат каков е образовниот систем во овие две земји.
Идејата ни е сите училишта кои го носат името на Св. Климент Охридски заедно со универзитетот во Софија да можат да испратат ученици и професори во Охрид во посета на училиштата кои тука се викаат Св. Климент Охридски. На овај начин нашите ученици ќе ги видат убавините на Охрид , а вашите ученици на Пловдив и Софија, а и ќе се запознаат со образовните системи во вашата и нашата земја, рече Шени Бојанова, директорката на туристичката агенција „Протравел“ – Пловдив. Бојанова.
Бојанова вели дека ваквата иницијатива ќе помогне за развивање на добрососедски односи и меѓусебно запознавање на младите од Македонија и Бугарија. Таа додава дека ваквите тури можат да бидат забавни, но и многу корисни.
Преку овие тури ќе можеме да видиме како растат и се образоваат македонците и да примениме некои искуства кај нас, а вие пак ќе можете да земете нешто од кај нас. Бидејќи денес со процесот на демократија кај младите во Бугарија малку се испоместија животните вредности. Сакаме да видиме како е тоа во Македонија, вели Бојанова.
Директорката на агенцијата „Протравел“ од Пловдив наскоро ќе дојде во Охрид за да направи контакти со туристичките агенции од градов за да изготват заеднички пакет аранжмани, а и да види со кои сместувачки капацитети располагаме за да се направи една добра понуда и цена бидејќи сепак во прашање се ученици па нивниот буџет е ограничен. Таа е сигурна дека идејата ќе се реализира бидејќи има интерес и од двете страни па вели дека најверојатно од наредната година ќе почнат да се нудат овие интересни пакет аранжмани.
{loadposition content9}