Skip to main content

Локалитетот Рајца во Љубанишко поле е заштитена зона

Локалитетот Рајца во Љубанишко поле е заштитена зона.

 |  Валентина Неловска  | 
rajca
rajca

Локалитетот Рајца во Љубанишко поле  е  во заштитена зона. Направени се  зафати како што се утврдување на границите на локалитетот, неговата контактна  зона и режимот кој треба да го има секоја заштитена зона. Со тој режим ќе се наложи конзервација на локалитетот, напоменува директорката на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска. На тој локалитет не е дозволена  урбанизација, а  сеуште не е утвредна површината  на која се протега.
mozaik
„ Се уште се работи елаборатите и не можам да кажам точна површина. Граници ќе има самиот локалитет, а  ќе се утврди и негова  контактна зона која ќе има  посебен режим и веројатно во границите на контакната зона нема да се дозволуваат градби, за да може да направиме тампон зона помеѓу а она што е заштитено и  она што ќе се гради“, напоменува Паскали Бунташеска.

Локалитот ќе биде конзервиран и презентиран.  Следи изработка на проект за негова конзервација. Во Туристичката развојна зона на просторот на локалитетот нема да има никаква урбанзиација туку археолошките пронајдоци ќе бидат вклопени во просторот и заштитени, вели Паскали Бунташеска.

pole

На овој локалитет беа  пронајдени  базилика од 4 и 6 век со мозаични подови и профан објект во состав на базиликата.

„ Врз основа на досега откриеното ќе пробаме да направиме проекти за конзервација. Ќе продолжиме со доистаржувања и кознервација на она што ќе се открие за да не дозволиме да пропадне она што е откриено“, кажува  Паскали Бунташеска.

Архeолошките истрaжувања на локалитетот Рајца започнаа минатата година, а во март годинава продолжија  истражувањата но во помал обем.

{loadposition content9}