Skip to main content

Студентите од ФТУ учеа грчки специјалитети

Храната не знае политика, а единствениот македонец Сашо Донев, кои цели 6 години на Тасос на грците им продавал гиро, денес беше гостин на ФТУ . Тој  на охридските студенти им го пренесе своето искуство од Тасос за приготвување гиро и суфлаки.

 |  Николоска Биљана  | 
grcka kujna
грчка кујна

grcka kujnaТрадиционалната грчка кујна и музика денес беа дел од амбиентот на ФТУ Охрид. Студентите имаа една несекојдневна можност од врвните мајстори на грчката кујна да научат како се подготвуваат дел од грчките јадења, суфлаки, гиро, брускети, реванија. Нашата интенција е да направиме високо профилирани кадри кои ќе излезат на пазарот и ќе бидат конкурентни, вели професорката Ангела Василеска. Додава дека вратите на факултетот се широко отворени за сите угостители кои сакаат да соработуваат со нив.

„Јас постојано велам дека имаме една стандардизирана монотона понуда во нашите угостителски објекти и веќе крајно време е секој ресторан да почнува да се идентификува со сопствен печат значи не може секој ресторан да биде специјализиран и за скара, пици, морска храна, итн значи секогаш мора да се развива во една насока и тоа е многу важно. grcka kujnaСметам дека македонската традиционална кујна треба да биде понудена  во подвоен дел од менито со посебно нагласување каде што ќе се направи една додадена вредност за тој чин“ – вели Василаска.

Сашо Донев угостител од Скопје денес со опрема и стручен персонал пристигна во ФТУ.  Тој вели дека мајсторите на грчката кујна се многу крути тешко ги  откриваат тајните на кулинарските вештини, но тој со охридските студенти со задоволство ги споделил неговите искуства од Грција.

„Шест години бев на Тасос и таму ја научив кујната грчка. Јас сум единствен македонец што им продавав гиро на грците“ – вели Донев.

grcka kujnaДенот на грчката кујна е уште еден доказ дека ФТУ ги продолжува своите напори да го доближи бизнисот со образованието така што на студентите дирекно им се пренесуваат знаења и искуства на вештите мајстори и бизнисмени, вели деканот на факултетот Сашо Коруноски. Тој дециден дека храната не знае политика и дека денешниот ден бил ден на грчката храна а не на грчката политика.

„На тој начин факултетот полагајќи големо внимание кон една насока резултатите веднаш ги гледаме. Тоа значи имаме веќе 40 сетина студенти од гастрономија кои што се исклучително заинтересирани да ги научат сите вештини и тајни на оваа извонредна професија. Затоа велам дека гастрономијата може само да доживува добри денови во Македонија и допрва доаѓа развојотна оваа гранка“– изјави Коруноски.

Минатата година во ФТУ беше одржан ден на италианската кујна. Годинава покрај денот на грчката кујна факултетот ќе приреди и ден на истарска кујна, односно медитеранската која во последно време се повеќе се наметнува во светот со своите здравствени аспекти. Исто така од факултетот најавуваат гостување на познати светски кулинарски имиња.

{loadposition content9}