Остатоците од храна во пластични кутии, овошје и зеленчукот или разни други намирници лесно можат да направат поприлична конфузија во вашиот ладилник, а тоа ќе ве спречи во брзото земање на шишето омилен пијалок. Благодарение на изумот на Brian Conti, тоа веќе нема да претставува проблем.
Stronge like bull (силен како бик) е името на екстра силниот магнет за стаклени шишиња, кој се поставува на горниот дел од внатрешната страна на ладилникот и така овозможува поголем простор за располагање во овој кујнски уред. Наместо на страниците или на полиците, магнетот овозможува да ги ставите шишињата каде што ќе посакате.
Иновацијата на Brian Conti за чиј развој авторот собрал пари преку Kickstarter, има стандардни димензии 20х4 центиметри и овозможува држење на три стаклени шишиња пиво одеднаш. Овој производ тргнува во глобална продажба во февруари 2015 година.
{loadposition content9}