Skip to main content

За мракот во Григор Прличев и Билјанини извори охридските социјалдемократи ги обвинуваат градоначалникот Бакрчески и Вмро Дпмне

За мракот во „Григор Прличев“ и „Билјанини извори“ охридските социјалдемократи ги обвинуваат градоначалникот Бакрчески и Вмро Дпмне.

 |  Валентина Неловска  | 
кузески
кузески

Охридските социјалдемократи за мракот во најголемото општинско основно училиште и спортската сала упатија обвинувања на адреса на градоналаникот Никола Бакрачески  и Вмро Дпмне.

Александар Кузески

Според информации  на Општинската организација на СДСМ училиштето должело за струја над 800.000 денари или околу 13 илјади евра.

„ Ова е последица на неодговорното однесување на Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ. За контрадикторноста да биде поголема, со предвидениот ребаланс на буџетот на општина Охрид Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ ги кратат неопходните средства за комунални и режиски трошоци и тоа за 37% во основните и за 13% во средните училишта.  Не само училиштата туку и другите јавни објекти “, обвинува Александар Кузески портпарол ОО СДСМ Охрид.

 

григор прличев

 

Портпаролот Кузески, потсети  дека заради неплатени сметки ЕВН по втор пат оваа година  ја исклучи струјата на спортската сала Билјанини Извори. Никола Бакрачески и ВМРО ДПМНЕ  наместо да ги решаваат проблемите на охриѓани тие создаваат нови, обвини Кузески и додаде дека градоначалникот никаде го немало додека во градот владеел хаос.

 

 

{loadposition content9}