Шефот на Amazon, Jeff Bezos најави дека во неговата компанија сакаат да ја забрзаат доставата на производите, а еден од начините со кои производите ќе доаѓаат побрзо до купувачите е по пат на беспилотни летала. Минатата година започнаа со тестирање на ваков начин на достава во САД, а сега најавија тестирање и во Велика Британија. На странцата од компанијата објавиле оглас за вработување во нивната канцеларија во Кембриџ во кој навеле дека “работат на иднината” и дека бараат луѓе кои се стремат кон иновации.
Меѓу огласите за работа се наоѓа и работното место “инженер за летачки операции” кој треба да има искуство во тестирање и управување со дронови. Со оглед на сѐ поголемата популарност на овие летала оваа професија ќе стане професија на иднината, земајќи во предвид дека вакви профили на работници бараат и Google и Facebook.
Неодамнешниот извештај на научниците од универзитетот во Бирмингем предупредиле дека користењето на беспилотни летала многу ќе се зголеми во текот на следните две десетлетија, што ќе претставува голем ризик за безбедноста и приватноста. За какви ризици станува збор најдобро можеме да видиме од примерот во Франција каде непознати летала ги надлетуваат нуклеарните електрани, но и од неодамнешниот пример од натпреварот помеѓу Србија и Албанија на кој нередите започнаа по внесувањето на знамето кое го носеше беспилотно летало.
Говорејќи за беспилотните летала, Bezos, минатата година рекол дека доставата со дрон за многумина изгледа дека е научна фантастика, но дека станува збор за едноставна работа која во блиска иднина ќе стане вообичаена. Имено, пред три недели Amazon тестираше достава со дрон во Австралија и успешно се реализирани триесетина достави на производи. Леталата на Amazon летаат на висина од околу 60 метри за да ги избегнат препреките како што се електрични водови, стебла, куќи и слично, а предметите ги доставувале во круг од еден километар.
{loadposition content9}