Кој правел „местенки“ на годинашниот „Скопски фестивал“?
Министерството за внатрешни работи во моментот ги проверува листинзите од сим-картичките што ги запленило синоќа, а од кои повеќе лица, меѓу кои и јавни личности гласале за изведувачи на „Скопксиот фестивал“, вели за „Плусинфо“ портпаролот на МВР, Иво Котевски.

Се очекува да се открие кој бил изведувачот или изведувачите за чии песни биле упатувани СМС пораките.
Постои сомнеж дека овие лица се обиделе со измама да влијаат на изборот така што од повеќе стотици СИМ картички, односно броеви, се гласало за напреварувач или за повеќе натпреварувачи, во надеж за освојување на вредните награди од кои првата е 20.000 евра и претставување на Македонија на Евросонг.
МВР со официјално соопштение ќе излезе по завршувањето на истрагата и по поднесувањето на пријавите. Останува отворено прашањето како овој скандал ќе влијае врз крајниот исход.
{loadposition content9}