Основците 3 ден без струја, локалната бара „чаре“
Основците 3 ден без струја, локалната бара „чаре“.
Опозицијата во градскиот совет, на почетокот на денешната седница, предложи итна расправа за состојбите во ОУ „Григор Прличев“. Побараа информација од службите на градоначалникот за настанатиот проблем. Со 8 гласови „За“ и 13 „Воздржан“, советот не го прифати предлогот.
Димитар Спасеки , секретарот на локалната самоуправа, за медиумите изјави дека работат на 2 акциони планови за одблокирање на сметаката на училиштето.
Уште вчера се воделе преговори со адвокатските тимови на сопствениците кои ја блокирале сметката и можноста за времено одблокирање на сметката. Потенцира дека се обезбедени средства кои треба да се трансферираат до училиштето. Размислуваат и за друга опција.
„ Секако согласно законската регулатива ќе се рагледа и можноста дали ние како оснивачи на училиштето, за друг правен субјект како што е Григор Прличев , може директно да ги измириме обврските кон ЕВН, Телеком и останатите на кои училиштето им должи“, рече Спасески.
Додека се најде најповолната опција за училиштето да добие струја, учениците трет ден учат без греење со скратени часови.
{loadposition content9}