„Балот на вампирите“ во Давос
Приближно 400 учесници од протестната поворка во швајцарскиот град Базел повикаа вчера на завршување на „балот на вампирите“, како што го нарекоа почнатиот Светски економски форум (СЕФ) во Давос.
| Крсте Голабовски | Свет
лого
Приближно 400 учесници од протестната поворка во швајцарскиот град Базел повикаа вчера на завршување на „балот на вампирите“, како што го нарекоа почнатиот Светски економски форум (СЕФ) во Давос.
Неколку демонстранти фрлаа обувки, пластични шишиња и боја врз зградата на швајцарската банка Ју Би Ес. На фасадата на градската управа била закачена паролата „Да го исчистиме СЕФ“, а неколку бомби биле фрлени врз полицијата.
Со исклучок на овие инциденти демонстрациите минаа без насилство, на големо задоволство на директорот за безбедност во Базел, Ханспетер Гас, кој демонстрациите ги окарактеризира како „соодветно дисциплинирани“, забележува агенцијата.

{loadposition content9}