„Монистра“ пред охридската публика
Во сабота, 22-ри Ноември 2014 година почеток 20.00 часот, за само 100 денари, охридската публика ќе може да ужива во перформансот на музичката етно атракција „Монистра“.
Во сабота, 22-ри Ноември 2014 година почеток 20.00 часот, за само 100 денари, охридската публика ќе може да ужива во перформансот на музичката етно атракција „Монистра“.
Младата етно група е формирана во 2002 година, во состав :
Александар Јовевски – кавал, тамура, гајда, тапан
Јован Стрезоски – тамбура
Николовски Филип – тамбура
Борче Ѓоргиев – клавијатури
Марјан Андоновски – тапан, тарабука, перкусии
Дамјан Зифовски – ударни инструменти , перкусии
Габриела Јанушевска – вокал
Бранко Јовевски – менаџер
Сите членови на групата се музички образовани и имаат завршено Факултет за музичка уметност при универзитетот Св. “ Кирил и Методиј” во Скопје. Групата свири македонска етно музика на изворни инструменти. Музиката е збогатена со модерни аранжмани , се со цел да ги задоволи вкусовите на сите генерации.
Со досегашните концерти и настапи во Република Македонија и на меѓународни фестивали , групата “ Монистра ” се етаблира како многу успешен презентер на македонската етно музика која се следи со силно внимание. Особено ја негува неправилната ритмика по кој се препознава македонската песна и оро.
{loadposition content9}