Вредна донација за детското одделение во Охрид
40.245 евра вредна медицинска опрема ќе биде донирана на Детското одделение при охридската Општа болница од страна на Ротари клубот од Охрид.
40.245 евра вредна медицинска опрема ќе биде донирана на Детското одделение при охридската Општа болница од страна на Ротари клубот од Охрид.
Станува збор за донација реализирана со поддршка на Ротари фондацијата на Ротари Интернешнл и неколку ротари клубови од Италија, Шведска и Србија.
Според најавите, на официјалната церемонија за примопредавање на опремата која денес ќе се одржи, ќе присуствуваат Ружди Муфти, претседател на Ротари клубот од Охрид и Леонардо де Анџелис, претседател на Ротари фондацијата во дистриктот 2072.
Набавената нова опрема е од врвни странски производители и се состои од Ултрасонограф со педијатриска абдоменална и педијатриска кардиолошка сонда со 2Д, 2Д доплер, колор доплер со абдоменален и кардиолошки софтвер, електрокардиограф ЕКГ – 12 канално, микроскоп, оптички со објектив за имерзија, инфузомати, спирометар за деца, пулсооксиметар за доенчиња и деца, кислородни боци, отоскоп, педијатриски монитор со ЕКГ.
Ова не е прва соработка меѓу Охридските ротаријанци и Одделението за педијатрија при Општа болница во Охрид. Во рамки на стариот објект во болница Ротари клубот донираше средства за адаптација на шест болнички соби на тогашното детско одделение.
{loadposition content9}