Skip to main content

Намалување на стапката на криминалитет во Охрид

Во првите девет месеци од годинава, Секторот за внатрешни работи во Охрид бележи намалување на вкупната стапка на криминалитет.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Во првите девет месеци од годинава, Секторот за внатрешни работи во Охрид бележи намалување на вкупната стапка на криминалитет.

логоВо овој период, во полициската станица регистрирани се вкупно 698 кривични дела што претставува намалување во однос на истиот период минатата година кога беа евидентирани 704 кривични дела. Намален е бројот и на регистрираните сторители на кривични дела. Во деветте месеци од оваа година регистрирани се 314 а во истиот период лани вкупно 376 сторители на разни кривични дела.

СВР Охрид, анализирајќи го криминалитетот по видови, бележи пад на бројката на кривичните дела од областа на класичниот криминалитет. Така во периодот од јануари до септември оваа година, евидентирани се 608 кривични дела што претставува намалување од пријавените 623 кривични дела во истиот период лани. Истовремено, зголемена е откривачката функција на службата во пронаоѓањето на сторителите на тешките кражби. Во анализираниот период расветлени се 126 дела тешка кражба што е зголемување во однос на откриените 109 тешки кражби во 2013 година. Мало намалување на кривични дела бележиме и во недозволената трговија со дрога. Во анализираниот период годинава регистрирани се 37 дела додека во истиот период во 2013 година евидентирани биле 40 дела.

Во деветте месеци од оваа година во Охрид се случиле три кривични дела „разбојништво“ од кои две се расветлени. Во истиот период лани биле евидентирани и расветлени три разбојништва.

Во интерес на граѓаните, СВР Охрид, енергично и посветено продолжува да работи кон реализација на кривичните дела, пронаоѓање на сторителите и подобрување на безбедносната состојба на целото подрачје.

{loadposition content9}