„Охридски Комуналец“ продолжува со чистење на речните корита
Ј.П.„Охридски Комуналец„ продолжи со реализацијата на активностите околу расчистувањето на речните корита и канали на територијата на општина Охрид.
корита
Ј.П.„Охридски Комуналец„ продолжи со реализацијата на активностите околу расчистувањето на речните корита и канали на територијата на општина Охрид.
Службите на јавното претпријатие го чистат речното корито на р.Сушица, на потегот од ул.„Петрино“ до Винарска визба.
Расчистувањето на наносите и ниската вегетација, како и расчистувањето на комуналниот и градежен отпад се врши со ангажирање на специјална механизација.
Со овие активности ќе се подобри еколошкиот амбиент на ова подрачје, а воедно ќе се превенира евентуалното поплавување на околното земјиште.
{loadposition content9}