Од утре редовна настава, ОУ „Григор Прличев“ доби струја
Општина Охрид, утрово ги подмири обврските на ОУ “Григор Прличев“ кон ЕВН- Македонија за потрошена електрична енергија во износ од 813.439. 00 денари.
Општина Охрид, утрово ги подмири обврските на ОУ “Григор Прличев“ кон ЕВН- Македонија за потрошена електрична енергија во износ од 813.439. 00 денари.
Струјата во училиштето е веќе вклучена а тоа значи дека наставата продолжува да се реализира во нормални услови, учениците ќе учат во топли и светли простории.
Инаку, на вчерашната вонредна седница која беше свикана по иницијатива на градоначалникот Никола Бакрачески, со одлука на градските советници, општина Охрид се обврза да го исплати долгот кон ЕВН Македонија што училиштето го има за потрошена електрична енергија.
Во изминативе денови Локалната самоуправа и градоначалникот Никола Бакрачески многу посветено и макотрпно работеа на надминување на овој сериозен наследен проблем . Со цел непречено реализирање на наставната програма во нормални услови, Градоначалникот и стручните служби заедно со доверителите , на работни состаноци , ги разгледуваа сите можни модели кои се во рамки на законските прописи и норми за надминување на овој проблем.
Обврските за потрошена електрична енергија на ОУ “Григор Прличев“ кои на свој грб ги презеде општина Охрид ќе бидат плаќани со буџетски средства од програмата N1- основно образование.
Проблемот со исклучената струја во ОУ “Григор Прличев“ е резултат на застарени обврски и игнорантскиот однос на поранешни локални раководства за регулирање на обврските кои ги имале кон доверителите од дваесетгодишниот судски спор од имотно- правен карактер, поради што за енормно висок износ е блокирана неговата сметка, што оневозможуваше плаќање на сметките за потрошена електрична енергија.
{loadposition content9}