Нови информативни табли низ Охрид
ЈП “Нискоградба“, по налог на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици а согласно одлуките на Советот на општина Охрид, започна со замена на старите информативни табли низ институциите кои се под надлежност на општина Охрид.

Веќе е заменета информативната табла кај средното економско училиште “Кирил и Методиј“.Покрај новото име на оваа информативна табла е и новиот грб на општина Охрид.
Од Секторот за комунален развој,сообраќај и улици потенцираат дека нови информативни табли со новиот грб на општината ќе бидат поставени низ сите општински институции.
Во текот на оваа работна недела ќе бидат поставени и информативни табли за забрана на движење и паркирање на тешки товарни возила и автобуси по должината на булеварот “Туристичка“.
{loadposition content9}