Охрид домаќин на семинар за ветеринарни прeпарати
60% од хуманите патогени заболувања се зооонозите, поточно болестите што се пренесуваат од луѓето на животните и обратно. Ова беше кажано на денешниот настан во Охрид, семинарот за националните контакт точки за ветеринарни препарати. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски одговараше на прашања поврзани само со темата на на денешнот настан.
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Попоски, денеска не беше расположен да одговара на новинарски прашања во врска со времената забрана за увоз на пилешко месо од Холандија, Германија и Велика Британија и опасноста од врусот птичји грип. Тој само кратко кажа дека сите производи на македонскиот пазар се безбедни и оти за нив се добиени ветеринарни сертификати од државите што ги испорачуваат. Попоски во Охрид беше домаќин на Семинарот за ветеринарни препарати. Експерти од 32 земји од Европа разменуваа искуства за заштита на луѓето и животните од болести како што се синиот јазик, беснилото, бруцелозата, туберкулозата, шапот и свинската чума.
„Нашето закондавство во однос ветеринарно-медицинските препарати потполно е усогласено со европската легислатива. Целта на семинарот е усогласување на политиките при третманот на животните во земјите учеснички, како и размена на искуства со цел намалување на преносливите болести од животните на луѓето“ – посочи директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски.
Околу 60 проценти од хуманите патогени заболувања отпаѓаат на зоонозите, односно болестите што се пренесуваат од луѓето на животните и обратно, истакна регионалниот претставник на Организацијата за Здравствена заштита на Животните ОИЕ за југоисточна Европа, Никола Белев. Се работи на пронаоѓање вакцини и биопрепарати за да се спречи пренесувањето од животните на луѓето, додаде Белев. Настанот во Охрид го организира Светската организација за здравствена заштита на животните, а нашата земја ќе продолжи со активно учество на активностите во оваа област кои се преземаат под иницијатива на ОИЕ.
{loadposition cintent9}