Rotary International донираше опрема за лекување на малите пациенти во охридската Општа болница
Rotary International донираше опрема за лекување на малите пациенти во охридската Општа болница.
Детското одделение при Општа болница доби неопходна медицинска опрема. Станува збор за донација во која има ултрасонограф, педијатриска кардиолошка сонда, колор доплер со абдоменален и кардиолошки софтвер, електрокардиограф и други вредни апарати во вредност од 40.000 евра донирани од Rotary International. Голема благодарност за донацијата изрази директорот на Општа болница д-р Љубен Арнаудов. Добивме можност да поставуваме дијагнози и да го подобруваме начинот на лечење на пациентите и да не ги испраќаме во други центри, истакна д-р Арнаудов.
„Најчесто пациентите одеа во Скопје, а за делумна интензивна нега сега ќе бидат третирани во Охрид, нема да ги испрќаме надвор. Имаме кадри, а за неколку апарти ќе треба да се дообучат. Ќе направиме напор да ги пратиме во некој референтен центар за да ги совладаат новите технологии за да пружат правилна здравствена заштита ,“напомена Арнаудов.
Донацијата е резултат на залагањето на охридскиот Ротари клуб поддржан од Ротари Фондацијата. Во овој проект се вклучија ротари клубовите од Италија, Шведска, Белград и со помош на ротари фондацијата го реализиравме овој проект, објасни Леонардо де Анџелис претседателот на Ротари клубот на Равена и претеседател на Ротари Фондацијата во дистрикт 2072 на Емилија Ромања и Република Сан Марино.
„ Ова не е само едноставен процес во кој се аплицира и се добива, туку бара голем ангажман од локалните клубови, голем ангажман за припадниците на фондовите за изведување на сите анализи од технички и економски аспект. Ова вклучува огромен ангажман на сите клубови кои се заедно“, појасни Де Анџелис.
Преседателот на охридскиот Ротари клуб, Ружди Муфти, истакна дека се горди што се дел од оваа асоцијација и помагаат на својата заедница. Покрај оваа донација, Муфти спомена дека ротаријанците помогнале и во подобрување на условите во училиштето „Братство Единство.“
„Ова не е прва интернационална работа. Имавме заеднички проект со клубовите од Германија и Турција. Во ОУ „Братство Единство“ направивме водовод и бина за спортската сала“, посочи Муфти.
Претседателот на Ротари клубот од Охрид, Ружди Муфти, во името на охридските ротаријанци потенцира дека не застануваат само на овој проект. Продолжуваат и понатака со активности, а нивна главна преокупација е грижата за децата.
{loadposition content9}