Сезонско затворање на патниот правец Охрид- Ресен преку Галичица
Патниот правец Охрид- Ресен преку Галичица –Р-504 подолги години во зима е затворен за сообраќај, велат од АМСМ.
Патниот правец Охрид- Ресен преку Галичица –Р-504 подолги години во зима е затворен за сообраќај, велат од АМСМ.
Од пред неколку зимски сезони, дозволено е движење на возила само до излетничкиот комплекс Корита во должина од девет километри.
Патниот правец кој преку Галичица води до Отешево е многу опасен, не само во зима, туку и во летниот период.
– Не само во зимски услови, туку и при редовното одржување се соочуваме со низа проблеми зашто се работи за планински масив и регионален пат кој е непријатен. Во секое време има одрони, но и други проблеми кои можат да бидат опасни по безбедноста, велат од јавното претпријатие за одржување на патиштата.
Овој патен правец за сообраќај ќе биде затворен до 31.03.2015-та година.
{loadposition content9}