Skip to main content

Нема детали до каде е постапката за изградба на туристичката развоја зона за Љубаништа

Нема детали до каде е постапката за изградба на туристичката развоја зона за Љубаништа.

 |  Валентина Неловска  | 
Ljubaniista
Ljubanista

Јавноста сеуште не ги знае деталите за изградбата на туристичката развојна зона во Љубанишко поле. По ова прашање без конкретни информации се и охридските пратеници  од владејачката партија Александар Николоски и Сашо Василевски, кои пред  охридската јавност ќе  се произнесат следната седмица, кога очекуваат да имаат повеќе информации околу постапката. За информација се обративме и до Министерството за економија и Агенцијата за поддршка и  промоција на туризмот, но молк од двете институции до затварање на Дневникот.

LjubaniistaПоследната официјална информација датира од јули годинава, кога министерот за финансии Зоран Ставрески најави дека во Љубаништа ќе се гради, а кој ќе биде инвеститорот ќе се види од понудите по јавната објава за изградба на туристичката зона.  

Од друга страна пак, првиот несуден инвеститор кој фрли око на Љубанишко поле, индиската компанија Сахара гроуп, не се откажува од намерата да  изгради елитен хотелски комплекс . И покрај финансиските проблеми во својата земја и активирањето на банкарската гаранција од страна на македонската влада за неисполнување на договорот за Џумајлија, амбициозните планови на индијците за комплексот “Сахарајан Македонија“ остануваат непроменети.

LjubaniistaОхриѓани пак,  скептични дека намерата на бизнисменот Субрата Рој да изгради луксузен  комплекс во Љубаништа ќе се реализира.

Вчера, Управниот суд го отфрли барањето на МПЦ  да се спречи  експропријацијата на  црковното  земјиште на манастирот Св. Наум. Државата со тоа и  одзема  5 хектари на црквата за  туристичката развојна зона. Црквата пак, не се откажува од намерата  да го зачува  земјиштето и најавува дека ќе ја обжали оваа одлука.
Во меѓувреме, на Љубанишко поле се изведуваат археолошки ископувања. Откриените мозаици и базилика на локалитетот Рајца манастирите,  Завод и музеј ги стави под заштита и тие ќе треба да се вклопат во она што ќе се изгради во туристичката развојна зона, но не и да се гради врз нив.

{loadposition content9}