Skip to main content

Штетен договорот за јавното приватно партнерство за малите хидроцентрали на Летничките извори

Штетен договорот  за јавното приватно партнерство за малите хидроцентрали на Летничките извори.

 |  Валентина Неловска  | 
letnicki
letnicki

Договорот за јавно приватно партнерство   склучен помеѓу Проаква општината и партнерот Фероиневест  за изградба и стопанисување со малите хидроцентрали на Летничките извори,  тема на денешната перс конференција која ја одржа директорт на МЈП Проаква Томе Пасколоски.

letnickiТој се осврна на  поединости од  договорот склучен во 2008 година потенцирајќи дека од тогаш до денес  Проаква нема никаов бенефит затоа што хидроцентралите не работат со добивка од која 31 % го следува јавното претпријатие како содружник.

„ Лоши економски параметри, лоши предвидувања на оптимално произведените киловат часови енергија, и со тоа што во финасиите добивка е ставена нето добивката договорт е штетен“, кажа  директорот Паскалоски.

Темата за работа на малите хидроелектрани ТВМ ја отвори пред една година. Директорот и денес  ги изнесе истите аргументи дека од работат на Летничките хидроелтрани немаат добивка.

PaskaloskiСе осврна и на можноста за  раскинување на договорот пред истекот на договорот кој е склучен на 40 години.

„ Во случај да се раскине договорот треба да се надохнадат  на партнерот  сите инвестиции кои ги направил од проектната документација, до елаборати, инвестиции во опрема и градба што е над 2 милиони евра“, кажува  Паскалоски.

Инаку денешната прес конференција, како што кажа Паскалоски е негов одговор на советничко прашање поставено на 31 та седница на совет, а воедно и информирање на јавноста.

 

{loadposition content9}